Роналдо побара од Флорентино Перез да го доведе Андре Силва во Реал

Првата ѕвезда на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, побарал од претседателот на клубот, Флорентино Перез, да се обиде да го доведе голгетерот на Порто, Андре Силва, во летниот преоден рок. Се работи за одличен млад напаѓач, кој би можел да биде наследник на ЦР7 на „Сантијаго Бернабеу“.

21-годишниот Андре Силва сезонава постигна 15 гола и забележа пет асистенции во португалското првенство, додека во Лигата на шамшиони пет пати пати ги тресеше мрежите.

Младиот напаѓач веќе доби шанса да заигра со Роналдо во репрезентацијата на Португалија, и импресиониран од покажаното, тој ќе направи се’ што е во негова моќ за да го доведе стрелецот на Порто во Мадрид.

Интересот за Андре Силва е веќе голем. Покрај “кралевите”, тука се и Арсенал, ПСЖ, Интер, а и неговите противници од осминафиналната фаза од ЛШ, Јувентус. Цената за која Порто би се согласил на продажба на својот напаѓач е околу 60 милиони евра.

Се вчитува...