Кристијано Роналдо пред неколку дена стави потпис на договорот со Ал Наср од Саудиска Арабија, со кој ќе стане најплатениот спортист во историјата, со нешто повеќе од пола милијарда евра заработка за една сезона.
Португалецот покрај фудбалот, ќе се занимава и со функцијата „спортски директор“ во клубот, односно ќе има одврзани раце околу носењето на играчи и тренери во екипата.
Токму од тука Роналдо почнал со „наредбите“ и им порачал на раководните луѓе на Ал Наср да го донесат неговиот соиграч од репрезентацијата Пепе. Искусниот 39-годишен фудбалер е дел од Порто, а беше неодамна дел од селекцијата на Португалија на Мундијалот во Катар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

