Португалија вечерва го игра 1/8 финалето против Швајцарија, а изненадување е тоа што за Португалците ќе го нема Кристијано Роналдо во составот. Немаше информација за некаква повреда или замор, но имаше шпекулација за нарушени односи меѓу него и селекторот Фернандо Сантош после натпреварот со Камерун, поради наводна замена на седумката.
Можеби и оставањето на клупа е најдобар доказ дека нешто меѓу селекторот и капитено не е како што треба, па ова уште повеќе ги зголемува шпекулациите дека е така.
Во нападот на Шпанија на негово место се најде Гонзало Рамос, а заедно со него во нападот е и Жоао Феликс. Бруно Фернандеш и Бернардо Силва треба да бидат во средниот ред заедно со Отавио и Карвалјо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА