Роналдо поради инфкеција го пропушта стартот на азиската Лига на Шампиони

Кристијано Роналдо ќе го пропушти првиот натпревар од Западната конференција во азиската Лига на Шампиони поради вирусна инфекција, потврди неговиот клуб Ал Наср.

Во соопштението на саудискиот клуб се наведува дека Португалецот не се чувствува добро и поради тоа не допатувал во Ирак за средбата против Ал Шорт на препорака на тимскиот лекар.

Натпреварот помеѓу Ал Наср и Ал Шорт ќе биде одигран денеска со почеток од 18 часот.

Се вчитува...