Роналдо поставил ултиматум до Јунајтед: Или Лига на шампиони, или…

Кристијано Роналдо на почетокот на оваа сезона се реши да го напушти Јувентус и да се врати во таборот на Манчестер Јунајтед. Дојде како големо засилување за екипата, повторно стана прва „ѕвезда“, но на Јунајтед не му оди најдобро во првенството, односно е далеку од местата кои носат во Лигата на шампионите.

„Сан“ пренесува дека Роналдо им поставил ултиматум на челниците на Јунајтед, дека ќе замине на крајот од сезоната ако тимот не избори место во најелитното европско натпреварување. Следниот месец Роналдо ќе го слави 37. роденден, но и натаму не размислува за пензија. Сака да игра и натаму елитен фудбал и во Лигата на шампионите, а можеби следната сезона тоа да не се оствари.

Едно е сигурно, дека Роналдо нема да си замине во јануари и ќе остане најмалку до крајот на сезоната во екипата.

Се вчитува...