Роналдо: Постојано гледам клипови како ги понижував противниците, се уште не верувам дека тоа сум јас

Луис Назарио да Лима, попознат како Роналдо своевремено беше најдобриот фудбалер во светот. Повредите што ги доживеа Бразилецот го спречија можеби со сигурност да ја добие титулата – најдобриот фудбалер на сите времиња.

Кога РОналдо беше физички здрав, на теренот беше незадржлив. Затоа и го доби прекарот „Ил феномено“ или феноменот. За „Спортс илустрејтед“ Роналдо изјави дека често знае да гледа клипови од своите натпревари, но има и еден омилен.

„Да, речеси секоја недела гледам видеа. Сакам да ги гледам сите клипови. Но, имам и еден омилен. Некое момче има направено компилација од сите мои дриблинзи, како ја туркам топката низ нозете на противниците. Дури 256 пати. Ниту самиот не можам да поверувам дека сум го направил тоа. Тоа ми е омилено видео и постојано го гледам“, рече поранешниот освојувач на ‘Златната топка’.

Легендарниот бртазилсаки фудбалер својата кариера во Европа ја започна како тинејџер во ПСВ Ајндховен, а потоа блесна во Барселона. Играше и за Интер, каде почнаа неговите проблеми со повредите, а потоа премина во Реал Мадрид. Кон крајот на својата кариера го носеше и дресот на Милан, а копачките ги закачи како фудбалер на Коринтијанс.

Се вчитува...