Кристијано Роналдо покрај на колекцијата на трофеи и индивидуални признанија е бескрајно горд и на својата колекција од луксузни автомобили, која од пред неколку дена е збогатена за уште едно супер-ексклузивно возило.
Роналдо реши самиот да си се почести за 36. роденден купувајќи го најновиот модел на компанијата Бугати, спортскиот автомобил „Bugatti Centodieci“. Станува збор за возило што чини неверојатни осум милиони евра, пред се поради фактот дека ќе бидат произведени само десет вакви автомобили во целиот свет.
Роналдо веќе ја извршил уплатата, но за да се вози во него ќе мора да почека до 2022 година бидејќи Бугати почна со производство пред само неколку седмици.
„Bugatti Centodieci“ развива брзина од 200 километри на час за само 6,1 секунди, а максимална брзина што овој суперавтомобил може да ја достигне е 380 километри на час.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА