Роналдо потврди: Пак ќе играм за Португалија

Кристијано Роналдо ги пропушти сите натпревари на португалската репрезентација во Лигата на Нации, но асот на Јувентус е подготвен за репрезентативен камбек за квалификациите за СП 2019. Ова во изјава за медиумите во татковината го потврди самиот Роналдо, објаснувајќи дека кратката пауза од репрезентацијата е завршена.

„Не играв во Лигата на Нации бидејќи имав таков договор со стручниот штаб. Имам 33 години, летово ги променив и клубот и земјата на живеење, па бев фокусиран на тоа. Ми требаше време за адаптација, но во 2019 година продолжувам со настапите за Португалија“ – порача Роналдо.

Случајно или не, оваа изјава на Кристијано доаѓа неполна седмица откако од Аргентина стигна информација дека и Лионел Меси ја прекинува репрезентативната пауза и ќе продолжи со настапи за „гаучосите“.

Се вчитува...