Роналдо: Поубав сум од Дејвид Бекам

Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо, верува дека е попривлечен од поранешниот играч на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, Дејвид Бекам.

Тој кажа дека изгледот не е само лицето, туку целото тело.

„Зависно во тоа како гледате на работите. За мене изгледот не е само лицете. Замислете ме, но не како Кристијано, туку како обичен човек во црвен костим за капење на Копакабана како пијам кокосова вода. Мислите дека нема да бидам оценет подобро од Бекам?“, рече Роналдо во интервјуто на Пирс Морган.

Морган: Ти и Бекам, шетате по Копакабана, кој привлекува поголемо внимание?

Роналдо: Јас, 100%

Морган: Никој нема да го погледне Бекам?

Роналдо: Секако, има убаво лице, се друго е нормално. Јас не сум нормален, јас сум совршен.

Се вчитува...