Роналдо повеќе не е почитуван ниту од соиграчите во Манчестер јунајтед

Ери Бејли, кој како фудбалер на Манчестер јунајтед оваа есен е на позајмица во Олимпик Марсеј, во интервју за „Л’Екип“ открива дека бил воодушевен од голем број извонредни фудбалери во Манчестер, но не и од Роналдо.

„Ако мора да зборувам за сите фудбалери кои ме воодушевуваат од Манчестер јунајтед, тогаш ова интервју никогаш нема да го завршиме. Има неверојатни таленти, и млади и стари. Навистина ме воодушевува некој како Маркус Рашфорд, но и Ентони Марсијал“ – вели репрезентативецот на Брегот на слоновата коска кој не сакаше тука да го спомне Роналдо.

Бејли и Роналдо играа заедно минатата сезона, но вели дека нема некој посебен впечаток за него. Сето тоа е уште еден низок удар за Португалецот кој не е ниту сенка на ѕвездата од пред неколку години.

Сега повторно е активирана приказната за заминувањето на Роналдо од „Олд Трафорд“ во јануари.

Се вчитува...