Роналдо повторно нема да игра за Португалија

Кристијано Роналдо беше главен играч на Португалија и на СП во Русија, но по овој светски шампионатот асот на Јувентус повеќе не го облече дресот на националниот тим. Неговото отсуство ќе продолжи и на натпреварите закажани за октомври и ноември, откако Роналдо веќе разговарал со претседателот на федерацијата и со селекторот Фернандо Сантош.

Според весникот „Рекорд“, првиот човек на федерацијата, Фернандо Гомеш, му излегол во пресрет на својот најдобар фудбалер во периодот кога Кристијано се соочува со сериозни проблеми поради обвинувањата за силување во САД.

Јас верувам во неговиот збор и Кристијано знае дека ја има нашата целосна поддршка во периодот кога неговата репутација е сериозно доведена во прашање“ – изјави Гомеш.

Португалија во следниот период ќе ги одмери силите со селекцијата на Полска во рамките од Лигата на Нации, а потоа и ќе игра пријателски натпревар со Шкотска. Во ноември Португалците ги очекува и дуел со селекцијата на Италија.

Се вчитува...