Роналдо повторно „полуде“: Пцуеше судија, па оттурна службено лицe покрај аут-линијата (ВИДЕО)

Ал Наср се пласираше во групната фаза од азиската Лига на шампионите откако синоќа со голем пресврт го совлада Шабаб Ал Ахли од Обединетите Арапски Емирати со 4-2.

Ал Наср имаше негатива и од 1-2 се до 88. минута од мечот, но сепак успеа да дојде до победата.

Но, во центарот на вниманието повторно беше, кој друг ако не, Кристијано Роналдо, и повторно откако ги загуби нервите во финишот од првото полувреме, кога кинескиот судија Фу Мин не досуди два очигледни пенали врз него.

Португалецот прво го пцуеше главниот судија, а потоа се дереше и по останатите судии кои немаа никаква реакција. Во тие моменти, на заминување кон соблекувалните, оттурна и службено лице покрај аут-линијата кое очигледно се обидуваше да направи селфи со Португалецот.

Се вчитува...