Роналдо пред дуелот со Македонија си купи часовник вреден милион долари!

Португалската ѕвезда која во вторник ќе и биде противник на Македонија, Кристиано Роналдо си купи нов скапоцен чаосвник Бугати за кој платил милион долари.

Роналдо има супер-автомобил Бугати Кајрон, па сега неговиот нов часовник одлично ќе се вклопи.

Боите на часовникот се усогласени со боите на неговиот автомобил, има 232 дијамантски багети и 109 црни сафири. Бројките се направени од кристал и всушност е реплика на моторот „W16 на Chiron“. Притискањето на копчето од овие 16 клипови почнува да се движи нагоре и надолу. Логото на Роналдо CR7 е врежано на моделот широк 55 и висок 20 милиметри.

 

 

Се вчитува...