Роналдо пред Меси и Леброн – Португалецот сруши неверојатен рекорд

Криситјано Роналдо веќе некое време е официјално најпопуларниот спортист во светот, според бројот на следбеници на социјалните мрежи. Португалецот не се задоволува со веќе остварените резултати, тој постојано има амибција и упорност за нешто повеќе, па денес го привлече вниманието со тоа што собори нов неверојатен рекорд.

Тој ја надмина бројката од половина милијарда обожаватели на сите социјални мрежи што ги користи (Фејсбук, Инстаграм, Твитер). КР7 е единствениот спортист што некогаш успеал да собере ваков број на фанови.

Роналдо е исто така второ најследено лице на Инстаграм со 261 милиони следбеници. Единствениот профил што го следат повеќе корисници на Инстаграм е – Инстаграм. Бројката покажува дека тој има ист број на следбеници како вкупниот заеднички збир на неговиот најголем ривал Лионел Меси (182 милиони) и најдобриот кошаркар на денешницата, Леброн Џејмс (79 милиони).

Се вчитува...