Роналдо на еден гол до испишување историја

Кристијано Роналдо со посебен мотив ќе го започне натпреварот против Унгарија, кој е закажан за Групата Ф на Европското првенство денес, со почеток во 18 часот. На последното ЕП, португалскиот напаѓач  го израмни рекордот на Мишел Платини по бројот на голови на европските натпревари со голот што го постигна на мечот против Велс.

Двајцата фудбалери имаат запишано девет гола, а Роналдо денес ќе започне да бара шанса за десеттиот. По натпреварот против Унгарија, Португалија ќе игра и против Германија и Франција во групната фаза, а ова се дополнителни шанси за Португалецот да влезе во историјата на континенталните турнирни.

Платини постигна девет гола на пет натпревари за време на Европското првенство во Франција во 1984 година, додека Роналдо ја достигна истата бројка поставувајќи рекорд постигнувајќи погодок на сите четири Европски шампионати (2004, 2008, 2012, 2016). Сега тој има можност да стане првиот кој ќе има запишано настапи на пет Европски шампионати, но и да даде гол на пет од нив.

„Задоволен сум од тие достигнувања, но рекордите постојат за да бидат соборени. Се надевам дека ќе станам првиот играч што играл на пет Европски шампионати и првиот што постигнал барем еден гол на пет различни ЕП. Би било значајно ако и донесам победа на Португалија, но ако тоа не се случи на мечот со Унгарија, можеби ќе се случи на следниот. Најважна е победата на тимот, за да можеме добро да го отвориме натпреварувањето. Рекордите ќе следат со победничко темпо“, најави Роналдо.

Првата ѕвезда на Португалија со самото стапнување на зелениот терен, вечерва ќе запише рекордни пет настапи на европските шампионати, нешто што досега не му успеало на ниту еден фудбалер во историјата на ова натпреварување.

Се вчитува...