Кристијано Роналдо на ова претстојно Светско првенство ќе има нова можност да постави уште еден рекорд. За Португалецот ова ќе биде петти Мундијал по ред, што досега на никој не му успеало. Роналдо оваа сезона не може да смета на трофејот во Лигата на шампионите бидејќи неговиот Манчестер Јунајтед испадна од игра, а со километри е оддалечен од освојувањето на англискиот фудбалски шампионат (моментално е шести со 20 бодови зад првопласираниот Манчестер Сити), но Португалецот има шанса да си го обели образот со репрезентацијата во Катар.
Имено, пласманот на Португалија на Светското првенство кое ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември во Катар, му нуди можност на Роналдо да испише нова страница во фудбалската историја. Доколку Португалецот постигне гол, тогаш ќе стане единствениот играч на кој му усепало на секој Мундијал да запише барем еден гол.
За Роналдо ова Светско првенство ќе биде единствена можност да постави уште еден рекорд – да постигне гол на неговиот петти Мундијал по ред, што никој досега не му успеа.
Имено, пласманот на Португалија на Светското првенство кое ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември во Катар, му нуди можност на Роналдо да испише нова страница во фудбалската историја. Одличниот 37-годишен напаѓач ќе го одигра петтото Светско првенство во низа, откако во 2006 година играше во Германија, четири години подоцна во Јужна Африка, во 2014 година во Бразил и во 2018 година во Русија, а овој подвиг ќе го постигне и Лионел Меси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА