Кристијано Роналдо и Португалија ќе бидат последната пречка за фудбалката селекција на Македонија. Португалците успеаја да ја победат Турција и ја оправдаа фаворитската улога на домашен терен.
По историската вечер во Палермо, „Драгао“ во Порто ќе биде местото каде што Португалците ќе ја пречекаат македонската репрезентација на 29 март.
Со прва мала најава за овој натпревар се јави и португалскиот капитен, Кристијано Роналдо.
„Го направивме првиот чекор кон нашата голема цел, Светско првенство 2022-ра. Ништо не е готово, ништо не добивме, ништо не освоивме. Мора да продолжиме да работиме сериозно и фокусирано, го почитуваме во целост противникот (Македонија), но секогаш мора веруваме во нашите квалитети и способности. Напред Португалија, одиме во Катар“, порача Роналдо.
За македонските „рисови“ следуваат неколку дена одмор, по чудото во Палермо, каде ја совладаа Италија и застанаа на чекор од пласман на Мундијалот во Катар.
Está dado o primeiro passo rumo ao nosso grande objectivo, rumo ao Mundial 2022. Nada está ganho, nada está alcançado. Temos de continuar a trabalhar de forma séria e focada, respeitando o adversário mas acreditando sempre nas nossas capacidades. Força Portugal! Rumo ao Catar! 💪🏽 pic.twitter.com/TO8IFKcC9v
— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) March 24, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА