Роналдо пристигна во Манчестер за да се прости од Јунајтед!?

Кристијано Роналдо конечно реши да отпатува во Манчестер откако неколку недели претходно престојуваше во Лисабон, Португалија. Напаѓачот ова патување го испланирал се со цел лично да ги каже своите планови на раководоството на клубот.

Англиските медиуми пренесуваат дека Португалецот ќе има состанок со менаџерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг, а на истиот е предвидено тој да им соопшти дека и официјално планира да го напушти клубот. Иако навивачите на „црвените ѓаволи“ се понадеваа дека Роналдо се премислил и се враќа во Манчестер да почне со подготовките за новата сезона, вистината е сосема поинаква.

Роналдо има тешко лето пред себе, особено ако се има в предвид дека бара нов клуб, кој игра во Лигата на шампиони. Сепак, преговорите за неговата иднина му одат тешко, особено поради неговите барања за висока плата, сума што не секој клуб може да си ја дозволи на годишно ниво.

Се вчитува...