Кристијано Роналдо брзо одговори на прозивката на шпанскиот весник „Ел Мундо“ дека местото му е во затвор. Тиражниот шпански весник објави статија во која се потенцира дека многу луѓе и за помали финансиски нерегуларности се зад реѓетки, а фудбалерот на Реал Мадрид не е.
На тоа Роналдо во празнично расположение сподели фотографија со своите три мали деца на која напиша : „Затвореник сум на овие слатки бебиња“.
Фудбалерот на Реал Мадрид е обвинет од шпанските власти дека затаил данок од околу 15 милиони евра. Обвинителството бара тој не само да ја плати оваа сум, туку да добие двојно поголема парична казна.
Но, јавноста во Шпанија смета дека поради својата популарност Кристијано Роналдо нема да заврши во затвор дури и ако биде прогласен за виновен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА