Роналдо промаши пенал, Јуве повторно не победи (ВИДЕО)

Јувентус одигра 1-1 против Аталанта во меч од 12. коло во италијанската Серија А. Домаќините поведоа со голот на Киеза во 29. минута. Во вториот дел Фројлер израмни на 1-1 во 58, а четири минути подоцна откако Киеза беше фаулиран во шеснаесетникот, Роналдо не успеа да го реализира пеналот.

Јувентус до крајот ќе има тешка задача да ја одбрани титулата поради лошите резултати, а се поголема е шансата Андреа Пирло да биде избркан.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...