Роналдо промаши уште еден зицер за Ал Наср (видео)

Кристијано Роналдо никако не успева да се запише во листата на стрелци на Ал Наср на меч од шампионатот на Саудиска Арабија, откако португалскиот ас се посрамоти и во првото полувреме од мечот со Ал Фатех.

Соиграчите му создадоа одлична шанса, Роналдо се најде на десетина метри од противничкиот гол и го имаше само голманот пред себе, но наместо да ја смести топката во мрежата, биеше силно само во гредата од голот на Ал Фатех.

Се вчитува...