Еден од најдобрите фудбалери на денешницата Кристијано Роналдо е на чекор до ново неверојатно достигнување во националниот тим на Португалија. Роналдо на мечот против Литванија кој Португалците го добија со 6-0, постигна хет-три со што стигна до 98 гола во дресот со националните бои.
Веќе за два дена во мечот против Луксембург, Роналдо може да стигне до бројката од 100 гола во репрезентацијата со што ќе стане само втор фудбалер на кој му успеало тоа. Досега над сто гола (109) има дадено само легендарниот ирански репрезентативец Али Даеи.
Во каква форма игра Португалецот во националниот дрес, се очекува рекордот на Даеи да биде урнат можеби и на претстојниот Европски шампионат во 2020 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА