Роналдо: Првенството на Саудиска Арабија е подобро од француското

Кристијално Роналдо продолжува да игра во топ форма и на 38-годишна возраст. Легендарниот фудбалер 2023 година ја заврши со 53 постигнати голови со што ги засени и најголемите напаѓачи на дешеницата како Килијан Мбапе, Ерлинг Халанд и Хари Кејн.

По повод постанување на најефикасен фудбалер на годината Португалецот се појави на доделувањето на „Глобал Сокер“ наградите каде и се обрати на јавноста, а со една изјава предизвика бурни реакции во европската јавност.

„Среќен сум во Ал Наср, тој трансфер за мене беше сјаен потег. Саудиската лига е во процес кој ќе биде долг, но чекор по чекор ќе дојде до врвното ниво. Мислам дека ќе стане топ три лига на светот на кои луѓето во Саудиска Арабија ќе бидат горди.

Саудиската лига не е послаба од француското првенство. Саудиската лига е покомепетентна и тоа можам да го кажам по само една година помината таму. Веќе сега е подобра од француското првенство, а само што започна да расте“, изјави Роналдо.

Се вчитува...