Кристијано Роналдо се уште ги „решета“ мрежите како во своите најдобри години. Португалецот постигна хет-трик во победата на Ал Наср против португалски Рио Аве од 4-0.
Ал Наср се наоѓа на европска турнеа одигрувајќи пријателски натпревари, па синоќа беше безмилосен против Рио Аве. Симака го отвори резултатот во 15. минута, а потоа следуваа трите гола на португалската ѕвезда.
Следен меч на Ал Наср во Европа е против Алмерија на 10 август, а потоа се враќа во Саудиска Арабија каде на 19 август го игра полуфиналето од Суперкупот, против Ал Итихад.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

