Кристијано Роналдо…Го прегази Атлетико Мадрид со три гола, и постави уште неколку нови рекорди во својата кариера. Еден од нив вели…Тој самиот има повеќе голови постигнати во Лигата на шампионите, од цел клуб на Атлетико Мадрид во неговата историја. Роналдо дојде до бројката од 103, а Атлетико се уште има 100.
Ова беше 42. хет – трик на Португалецот во дресот на Реал Мадрид, а втор против градскиот ривал Атлетико Мадрид оваа сезона, откако ги „поздрави“ и на 19 ноември 2016 (0-3 на „Висенте Калдерон“). Постигна осум гола во последните три натпревари во Лигата на шампионите.
Роналдо е првиот фудбалер во историјата на градското дерби на Мадрид, кој стигна до бројката од 20 постигнати голови. Со овој хет – трик, се израмни и со Лионел Меси, како најдобар со седум постигнати „тројки“ во Лигата на шампионите. Тој е првиот во историјата, на кој му успеа да постигне два хет – трика по ред, на два меча од Лигата на шампионите.
Португалскиот интернационалец го престигна и легендарниот Ди Стефано, со 13 постигнати гола во полуфиналиња од европските купови. Ди Стефано има 11.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА