Роналдо: Сакам 7 деца и 7 „Златни топки“!

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо планира да има седум деца во својот живот, но и седум „Златни топки“ до крајот на кариерата.

Ѕвездата на Реал Мадрид пред неколку денови го доби четвртото дете, а се очекува за еден месец да ја добие и петтата „Златна топка“ затоа што е голем фаворит за освојување на оваа награда и во 2017 година, иако е далеку од формата со игрите во Примера во која сме навикнале да го гледаме.

Нема гол на седум едноподруго меча, но самиот порачува дека во фудбалот не е се во постигнувањето голови…

„Среќен сум и се чувствувам добро. Мора да останам мирен и да продолжам да работам, затоа што очигледно можам многу подобро. Вие на мене гледата како на гол-машина, како некој кој мора да постигнува голови. Мене единствено ми се суди по бројот на постигнати голови кои некогаш и не се најважната работа на натпреварот. Ги прифаќам критиките, но не сум согласен со нив. Затоа избегнуваме многу да читам што пишуваат и велат за мене“ – вели Роналдо во интервјуто за „Л’Екип“, во кое се осврнува и на работи надвор од теренот.

„Сакам да имам седум деца и ист број ‘Златни топки’. Тоа не значи дека тука и ќе застанам, затоа што се додека играм сакам да освојам се што е можно. Но, целта е да стигнам до бројката 7 во двете нешта. Сега мојот сон е петтата ‘Златна топка’ а следната година ќе биде следната“ – вели Кристијано Роналдо.

Се вчитува...