Реал Мадрид го освои трофејот на Светското клупско првенство во Абу Даби и стигна до петтата титула во 2017 година. Човек на одлука повторно беше Кристијано Роналдо, кој го постигна победничкиот погодок за триумф од 1-0. Португалецот по натпреварот истакна дека е среќен во „кралскиот клуб“ и би сакал на „Сантијаго Бернабеу“ да ја заврши и кариерата.
„Среќни сме, никогаш не сме освоиле пет трофеи во една сезона, и затоа оваа 2017 година е посебна. Тренерот Зинедин Зидан верува во нас, тоа беше многу важно, иако и не блескавме во изминатиот период. Но, Реал Мадрид е тим кој игра најдобро кога треба да се освојуваат трофеите. Тоа го покажавме и во Абу Даби“, изјави Роналдо.
Португалецот одговори и на прашање за својата иднина.
„Среќен сум во Реал Мадрид и би сакал во овој клуб да ја завршам кариерата. Но, тоа не зависи само од мене, туку и од ставовите на клубот. Сега ќе се одмориме, и не чека „Ел Класико“, порача Роналдо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА