Легендарниот бразилски напаѓач Роналдо кој беше дел од бразилската репрезентација во походот на Светот во 1994 и 2002 година говореше за шпанска „Марка“ за полуфиналната средба помеѓу Хрватска и Аргентина.
И покрај тоа што Хрватите беа тие кои ја елиминираа неговата репрезентација од Мундијалот, тој сепак ќе навива за Хрватска со оглед на преголемото ривалство кое владее помеѓу јужноамериканските држави.
„Не можам да одговарам во име на целиот Бразил, но ќе кажам што јас мислам. Би бил среќен поради Меси, секако, но помеѓу Бразил и Аргентина постои големо ривалство, па не сакам да бидам лицемер и да кажам дека ќе се веселам ако победи Аргентина бидејќи тоа не е вистина“, вели Роналдо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА