„Роналдо сам ќе одлучи кога и каде ќе го напушти Јувентус“

Заминувањето на Кристијано Роналдо од Јувентус е честа тема во спортската јавност на Италија. Првичните ифнормациои велат дека новиот тренер на „Старата дама“, Масимилијано Алегри, не го гледа Роналдо во неговиот проект, а за сè зборуваше еминентниот новинар Ромео Агрести, кој е многу близок до тимот од Торино.

Ромео посочи дека на состанокот помеѓу Алегри и управата на Јуве се разговарало за заминувањето на Роналдо од клубот.

“За време на состанокот помеѓу Алегри и управата на клубот се зборуваше за заминување на Кристијано Роналдо. Португалецот ќе одлучи кога и каде ќе го напушти Јувентус”, рече Агрести.

Португалската ѕвезда е обврзана на договор за соработка со Јувентус до јуни следната година.

Се вчитува...