„Роналдо сам си е виновен за тоа што му се случува, со таа ароганција…“

Кристијано Роналдо немаше успешен камбек во Манчестер Јунајтед каде и покрај добрата прва сезона пропадна во плановите на Ерик тен Хаг. Португлаецот кој се надеваше на заминување од „црвените ѓаволи“ во летниот преоден рок откако не ја доби посакуваната исписница отворено говореше за ситуацијата во клубот во интервју за Пирс Морган и истото веднаш му донесе отказ.

Целата ситуација околку португалскиот ас ја прокоментира и легендарниот италијански тренер Фабио Капело кој вели дека самиот е виновен за тоа што му се случува.

„Роналдо самиот е виновен за тоа што му се случува. Неговиот фудбалски квалитет никој не може да го доведе во прашање, но со таа ароганција… Се нудеше наоколу, а не можеше да најде никој кој го сака. Стана голем терет за клубот“, вели Капело.

Се вчитува...