Кристијано Роналдо, без сомнение, е најголемата ѕвезда во Саудиска Арабија. Па, не е никаква тајна дека шеиците сакаат да го искористат Португалецот и за промоција на нивната култура во секоја можна прилика.
Неизбежно, Роналдо беше дел и од прославата на националниот ден на Саудиска Арабија, обелечен во традиционална облека почитувајќи ги сите обичаи на земјата. Учествуваше и во традиционалниот танц, со сабја во рацете, очигледно задоволен што е дел од таа церемонија.
„Среќен ден на државноста на Саудиска Арабија, Какво посебно искуство да бидам дел од оваа прослава во Ал Наср“ – порача Португалецот и преку социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

