Клубовите од Саудиска Арабија тргнаа во жестока офанзива по најголемите светски фудбалски ѕвезди на кои им се нудат стотици милиони како би играле во нивната лига.
Кристијано Роналдо го покрена бранот за кој медиумите шпекулираат дека Саудиска Арабија ќе ја чини 20 милијарди евра, а се во насока на промоција на кампањата за добивање на Мундијалот 2030.
По Португалецот пристигна и Карим Бензема, а додека се чека Лионел Меси, се ппекулира за понудите за Нголо Канте, Давид Де Хеа, Анхел Ди Марија, Роберто Фирмино, Серхио Рамос…
Но, парите кои се спомнуваат со понуди за овие фудбалери, наводно, го навредиле Роналдо кој се чувствувал непочитувано па се заканил дека ќе го напушти Ал Наср ако не добие зголемување на платата. Роналдо доби 200 милиони евра по сезона, исто толку колку што Ал Итихад издвоил за доаѓањето на Бензема, додека за Меси се спомнуваат дури 500 милиони евра по сезона.
Сето тоа многу го налутило Роналдо, кој се почувствувал потценет, ако се знае дека клубовите и на останатите фудбалери кои сега ги сакаат во своите редови им нудат меѓу 100 и 200 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

