Роналдо се опрости од „старата дама“: Италија, Јувентус, Торино… секогаш ќе бидете дел од моето срце (ФОТО)

Кристијано Роналдо по три години поминати во Јувентус замина од „старата дама“ и се врати во Манчестер Јунајтед каде ја стекна и најголемата фудбалска слава предводејќи го клубот во периодот од 2003 до 2009 година.

Роналдо кој стигна во Торино како огромно засилувањe и воедно последна коцка во сложувалката за остварување на големиот сон – титула во Лигата на Шампионите, не успеа во своите намери. И покрај тоа Португалецот во опростувањето со Јувентус напиша дека фантастична приказна.

„Денеска заминувам од еден прекрасен клуб, најголемиот во Италија и сигурен еден од најголемите во Европа. Ги дадов срцето и душата за Јувентус и градот Торино ќе го сакам до мојот последен ден. Тифосите отсекогаш ме почитуваа и јас се обидов да ја вратам таа почит со борба во секој натпревар, секоја сезона, во секое натпреварување. На крајот, можеме да погледнеме наназад и да видиме дека остваривме големи нешта. Не се што сакавме, но напишавме убава приказна заедно.

Јас секогаш ќе бидам еден од вас. Сега и вие сте цел од мојата историја, како што и јас се чувствувам дека сум дел од вашата. Италија, Јувентус, Торино, тифоси, секогаш ќе бидете во моето срце“, напиша Роналдо на својот Инстаграм профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Се вчитува...