Роналдо се покаа, но не се извини: Ова е Манчестер Јунајтед, мораме да бидеме заедно…

Кристијано Роналдо се огласи по одлуката на Манчестер Јунајтед да го отстрани од тимот за престојниот натпревар против Челси во Премиерлигата. Ваквата одлука доаѓа по демонстративното заминување пред крајот на средбата против Тотенхем по што португалскиот ас стана топ тема во медиумите.

Еден од најдобрите играчи на светот вели дека го совладале емоциите и во продолжението од сезоната ќе продолжи да биде позитивен пример за младите и ќе даде се од себе за успех во дресот на „црвните ѓаволи“.

„Како и досега во кариерата се трудам да живеам и играм со целосен почит кон моите колеги, моите спонзори и моите тренери. Тоа не се промени, јас не се променив. Сеуште сум истата личност од претходните 20 години во елитниот фудбал, а почитта имаше клучна улога во носењето на одлуките.

Започнав многу млад и секогаш пример ми беа постарите, поискусни играчи. Во кариерата секогаш се трудев да бидам пример за младите во секој од тимовите за кои играв. За жал, не секогаш можете да бидете пример и некогаш преволадуваат емоциите.

Сега чувствувам дека морам да продолжам да работам напорно во Карингтон, да ги поддржувам моите соиграчи и да бидам подготвен за шанса на секој натпревар. Нема да подлегнам под притисок. Ова е Манчестер Јунајтед, и мораме да бидеме заедно“, напиша Роналдо.

Се вчитува...