Роналдо се поправи: Фотографија и автограм за детето што патуваше 1300 километри за да го види

Кристијано Роналдо се најде во центарот на вниманието откако пред белградскиот аеродром не издвои ниту минута за да се запознае со детенце кое држеше транспарент „Кристијано, минав 1300 километри за да земам автограм од тебе“. Дел од медиумите го критикувааа Португалецот за ваквиот однос, но денеска беше обелоденето дека големиот ас сепак ја поправил грешката и се сретнал со малиот Борис.

Детето кое е родено во Полска допатувало во Белград со својот татко Лукаш, кој во изјава за „Танјуг“ откри дека во хотелот каде биле сместени Португалците големата фудбалскаа „ѕвезда“ ја исполнило желбата на неговиот син.

„Често доаѓаме во Белград, ова ни 15. пат. Знаеме колку е тешко да се стигне до Роналдо, особено во време на пандемија, но ние успеавме. Борис доби заедничка фотографија со Роналдо, негов автограм и сувенис – топка потпишана од сите репрезентативци на Португалија“, изјави Лукаш.

Се вчитува...