Роналдо се посрамоти: Го изведе најлошиот пенал во кариерата (ВИДЕО)

Тоа што Португалија нема водство против Данска, и не го израмни резултатот по поразот од првиот меч во 1/4 финалето во Лигата на Нации, виновник е капитенот Кристијано Роналдо.

Сам изнуди пенал, но истиот не го реализираше. Кога се чинеше дека данскиот голман нема шанси против Португалецот, сепак, Роналдо многу лошо го изведе пеналот.

Прво го чекаше до последен момент Шмајхел, а потоа шутна премногу млако и лошо, па данскиот голман „жива“ му ја скроти топката.

Се вчитува...