Роналдо се посрамоти, па го повреди голманот на Словачка (видео)

Кристијано Роналдо нема свој ден на денешниот дуел со Словачка, на кој португалската суперѕвезда пропушти идеална шанса да се запише меѓу стрелците.

Тој се најде осамен на десетина метри од голот по пропуштената топка од еден свој соиграч, многу слабо шутираше, а потоа за ситуацијата да стане уште полоша тргна на топката и со отворена копачка го удри противничкиот голман Дубравка.

За среќа, повредата на Дубравка не беше посериозна и голманот на Словачка можеше да го продолжи мечот, а Роналдо за овој старт заработи жолт картон.

Промашувањето на Кристијано и стартот за жолт картон можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...