Кристијано Роналдо предвреме мораше да го напушти финалето од Лигата на нациите за неговата Португалија против Шпанија, поради повреда во 88. минута од средбата.
Португалија и Шпанија во моментов играат продолженија во финалната средба, откако по регуларните 90 минути мечот е со резултат 2-2.
Но, Португалците без Роналдо се борат за трофеј, кој, пак, по постигнатиот гол во 61. минута за израмнување во тие моменти на 2-2, запиша и нов рекорд со својот 138 гол во дресот на Португалија.
138 goals for Portugal 🤯#NationsLeague pic.twitter.com/fjkPVmFavs
— UEFA EURO (@UEFAEURO) June 8, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

