Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо заработи повреда по само триесетина минути од квалификацискиот дуел против Србија што се игра во Лисабон. Тој самиот побара да биде заменет, откако се пожали на болки во мускулот на десната нога. По еден спринт во противничкото поле, Роналдо падна на теренот и веднаш покажа дека ќе мора да биде повлечен од игра.
Неговата повреда сигурно ќе му донесе големи главоболки на тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри во пресрет на дуелите со Ајакс во Лигата на шампионите. Можно е португалскиот ас да отсуствува и неколку седмици од фудбалските терени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА