Најголемата фудбалска ѕвезда на Португалија, Кристијано Роналдо, денеска се приклучи на подготовките на националниот тим во пресрет на Светското првенство во Русија. Тој доби дополнителен одмор по настапот во финалето на Лигата на шампионите за да се освежи и да биде максимално физички подготвен за претстојните искушенија.
Роналдо одработи лесен тренинг, но не сакаше да зборува пред новинарите. По изјавата што ја даде по завршувањето на финалниот меч од ЛШ, се уште е неизвесно дали ќе остане во Реал Мадрид и следната сезона. Има најави за негов можен трансфер во Манчестер јунајтед или во Пари Сен Жермен. Сепак, ПР службата на португалската фудбалска репрезентација напомена дека Роналдо нема да дава изјави за поврзани со клупскиот фудбал, се додека настапува на Светското првенство во Русија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА