Роналдо се враќа во Шпанија, но не во Реал!?

По „корпите“ од неколку европски гиганти, Кристијано Роналдо има можност за продолжување на кариерата во само уште два клуба, кои се уште се во игра, пренесуваат поголемиот дел од европските спортски медиуми кои детално ја следат ситуцијата во летниот преоден рок.

Незадоволниот португалски ас сака да го напушти Манчестер јунајтед, но засега ситуацијата не се развива во негова корист.

Роналдо беше поврзуван со Челси, ПСЖ, Барселона, Рома и Наполи, но ништо од сето тоа не се реализираше согласно најавите. Сега, остануваат тврдењата дека единствено од неговите услуги се уште не се откажале Баерн Минхен, но и Атлетико Мадрид кој се погласно се спомнува како клуб кој го посакува. Наводно шпанските шпекулации за трансфер на Роналдо во Атлетико Мадрид воопшто не се само „гола приказна“.

Португалецот доби понуда и од еден клуб од Саудиска Арабија за трансфер вреден 300 милиони евра, од кои 30 милиони би биле за Манчестер јунајтед, 20 милиони за посредниците во него, а Роналдо би добил 250 милиони евра за двегодишен договор. Но, наводно воопшто не размислува за него.

Се вчитува...