Кристијано Роналдо е подготвен да се врати на тренинзи и натпревари со Манчестер Јунајтед, додека чека конечен одговор од управата за барањето за трансфер и заминување од „Олд Трафорд“. Португалецот и неговиот агент Жорге Мендеш инсистираат да биде дозволено Роналдо по само една година во Манчестер повторно да ги смени клупските бои, но Кристијано е подготвен во знак на добра воља да му се стави на располагање на тренерот Тен Хаг.
Според британските медиуми, големи се шансите Роналдо викендов да дебитира под водство на холандскиот стратег, на пријателскиот натпревар што Јунајтед в недела ќе го игра против Рајо Валјекано на нашиот репрезентативец Столе Димитриевски. Манчестер Јунајтед утре во Осло ќе се сретне со Атлетико Мадрид, Кристијано дефинитивно ќе го пропушти овој меч, но Тен Хаг сака да го види Португалецот на дело на мечот со Рајо.
Овој пријателски меч ќе биде одигран на „Олд Трафорд“, па челниците на Јунајтед се надеваат дека фановите на тимот со поддршка за Роналдо ќе успеат да го убедат овој фудбалер да остане уште една година во тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

