Судскиот процес против Кристијано Роналдо за затајување на данок од страна на суперѕвездата на Реал Мадрид денеска донесе пресврт, откако Португалецот реши да ја признае вината и се понуди да плати извесна сума на пари за да биде прекинато судењето. Роналдо речиси цела година тврдеше дека не чувствува никаква вина, но откако почна да се зголемува бројот на докази против него, тој реши да го промени својот став и да понуди исплата во висина од 3,8 милиони евра.
Сепак, ваквата понуда била експресно одбиена од страна на Обвинителството, кое инсистира на добивање на целата сума на затаениот данок (14.768.897 евра), што заедно со каматите ја надминува и сумата од 25 милиони евра.
„Не е точно дека тој се согласил да плати се што должи, туку понуди само мала сума што ние веднаш ја одбивме“ – потврдија од Обвинителството во Мадрид.
За очекување е процесот да продолжи, а останува да се види каква би била пресудата, односно дали Кристијано Роналдо ќе добие условна затворска казна како и сите претходни фудбалери кои беа прогласувани за виновни за даночни малверзации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА