Кристијано Роналдо се уште не е сигурен од обвинувањата за силување, откако денеска се појави информација дека Американката Кетрин Мајорга се откажала од целиот процес. Новинарот на „Шпигел“ Рафаел Бушман вели дека целиот случај е префрлен во друг суд.
За потсетување, Мајорга минатата година во Лас Вегас го тужеше Роналдо за силување, кое наводно се случило во 2009 година. Нивната средба се случила во летото, неколку дена откако Португалецот за 94 милиони евра премина од Манчестер Јунајтед во Реал Мадрид. Средбата се случила во ВИП делот на еден ноќен клуб, а потоа двајцата завршиле во апартман, каде наводно Роналдо ја присилил девојката на секс.
The case is not closed, it is just at a different court now. After it was not possible for Mayorga‘s lawyers to serve #Ronaldo with the complaint, they filed it at a federal court: https://t.co/tEvIoeJDq6 @derWinterbach @andreasmeyhoff @antjewindmann @SPIEGELONLINE
— Rafael Buschmann (@Rafanelli) June 5, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА