Левиот бек на Манчестер Јунајтед, Алекс Телес, ќе му се приклучи на Португалецот Кристијано Роналдо и во тимот на Ал Наср откако ги договори сите детали од овој трансфер.
Телес дојде во Јунајтед на барање на Оле Гунар Солскјер, но не се снајде најдобро во клубот. Тој ја мина ланската сезона на позајмица во Севилја, но ниту таму не беше најстандарден, па шпанскиот клуб воопшто и не преговараше за да го задржи во своите редови.
Ал Наср најпрвин се договори со самиот фудбалер за плата од седум милиони евра годишно за наредните три сезони, по што експресно постигна договор и со Јунајтед, за минимална отштета од четири милиони фунти.
Амбициозниот клуб досега ги донесе Брозовиќ од Интер и Фофана од Ленс како друштво за Роналдо во обид да се состави конкурентна екипа, а се очекува по комплетирањето на трансферот на Телес да се тргне и по врвен дефанзивец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

