Роналдо сместен во најлошиот тим на групната фаза на Мундијалот

Кристијано Роналдо се најде во тимот на најголемите разочарувања на Мундијалот во Катар во групната фаза на познатиот спортски сајт „Sofascore”.

Аналитичарите на оваа компанија му дадоа на португалскиот капитен просечна оценка од 6,37. Овој тим е инаку сочинет од играчи кои играле 60% од времето на натпреварите во групната фаза на Мундијалот.

Роналдо ги започна сите три натпревари, и даде само еден гол од пенал против Гана. Тврдеше дека е стрелец на гол против Уругвај, кога протестираше зошто му е запишан голот на Бруно Фернадеш, а подоцна се утврди дека Роналдо не ја допрел топката.

Се вчитува...