Роналдо со два гола, но и едно неверојатно промашување, во голеадата за триумф во дербито со Ал Ахли (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо го понесе Ал Наср кон петта победа сезонава во шампионатот на Саудиска Арабија овој пат со два гола во победата од 4-3 во дербито против Ал Хилал.

Уште во 4. минута, на асистенција на Садио Мане, Роналдо донесе предност за Ал Наср.

Но, интересно во 7. минута Роналдо промаши од само две метри, од ситуација од која е речиси невозможно да се промаши.

Веќе во 17. минута Бразилецот Талиска зголеми на 2-0, за да Кеси во 30. минута успеа да намали на 2-1. Сепак, пред полувремето Талиска со својот втор гол зголеми на 3-1.

Во второто полувреме, Махрез во 50. минута постигна гол за Ал Ахли, за да во 52. минута Роналдо со својот втор гол донесе 4-2.

До крајот на мечот, Ал Брикан во 88. минута ги постави конечните 4-3.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...