И покрај тоа што влезе во петтата деценија од животот, Кристијано Роналдо продолжува неуморно да ги тресе мрежите. Португалскиот ас во тековната сезона на 35 одиграни натпревари за Ал Наср постигна 32 гола и додаде четири асистенции.
Роналдо очигледно ужива во животот на Блискиот Исток, па на почетокот на годината ја продолжи соработката со клубот од Саудиска Арабија, потпишувајќи договор вреден повеќе од 167,9 милиони фунти. Ова го задржа како најплатен фудбалер во светот. Новиот договор го обврзува до јуни 2026 година, кога ќе има 41 година.
Теди Шерингем, поранешен напаѓач на Манчестер Јунајтед и освојувач на Лигата на шампионите и трикратен англиски шампион со „црвените ѓаволи“, исто така ја изрази својата визија каде Роналдо би можел да ја продолжи кариерата. Според британски Дејли Мејл, Шерингам верува дека постои шанса Роналдо да заврши со најголемите ривали на неговиот поранешен клуб, Манчестер Сити.
На оваа тема тој рече:
„Мислам дека навивачите на Манчестер Јунајтед не би биле среќни. Доколку бројките се поклопат, Роналдо веројатно би ја искористил таа можност со двете раце. Дефинитивно може да постигне гол, нели? Тоа е непобитно. Би било многу забавно да го видиме Роналдо во Сити”, изјави Шерингем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА