Фудбалот во Италија се враќа вечера по паузата поради пандемијата од коронавирусот со мечот меѓу Јувентус и Милан во Копа Италија. Земјата во Европа која беше најмногу погодена од Ковид-19 со мечот вечерва ја враќа вербата во животот по ужасните претходни три месеци.
Јувентус ќе го пречека Милан на домашен терен, но поради пандемијата мечот ќе се игра пред празни трибини. Првата ѕвезда на „старата дама“, Кристијано Роналдо испрати емотивна порака до најверните фанови на клубот од Торино. Тој напиша „Каде и да сте секогаш ќе бидеме заедно“, сугерирајќи дека и покрај тоа што трибините ќе бидат празни тој знае дека секогаш ќе ја има нивната поддршка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

