Фудбалерите на Ал Наср го совладаа Ал Раед со 1-2 во 18. коло од саудиската Премиерлига.
Гостите во првото полувреме поведоа со 0-1, на стартот од второто го удвоија водството, додека домаќините во последните минути од натпреварот само го ублажија поразот.
Ал Наср поведе во 35. минута со погодокот на Кристијано Роналдо. Тоа беше 15-ти гол за Португалецот оваа сезона, а потоа Роналдо и асистираше за вториот гол на својот тим.
921 Career goals by the GOAT CRISTIANO RONALDO pic.twitter.com/Pyil3anrov https://t.co/wSqfiyZtB9
— fan (@NoodleHairCR7) January 30, 2025
Моментално е прв на листата на стрелци пред Карим Бензема (13) и Александар Митровиќ (12).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА